Tuesday, February 1, 2011

Ex Yu Музика

Музиката е таа што ги спојува сите.
Ex Yu музиката е дефинитивно таа што сеуште ги спојува народите од Југославија.
Сега сите нови хитови се минливи , а Ex Yu песните се слушаат повеќе од 40 години.Тоа докажува кои песни се поквалитетни.
Нема човек на бившите Ју простори кој не слушнал за Бјело Дугме,за Здравко Чолиќ, Рибља Чорба , Азра, Идоли, Хаустор, Зана, Плави Оркестар итн.

Многу од овие групи со нивната музика воведоа нов тренд во светската музика како Нови вал или Нов Талас кој означија нов правец во музиката.
Нивните хитови се слушаат и ден денеска .Скоро на сите забави мора да има барем по една песна од тоа време . Според мене најголем хит од сите тие песни е „Не спавај мала моја “ од Бјело Дугме, секако тука се и песните на Здравко Чолиќ кои се претставници на поп-музиката .

Овие групи и музичари сеуште одржуваат концерти ширум Балканот и ги полнат салите до последно место.

Во последниве години во Македонија овие изведувачи имаа многу концерти и секако салите беа преполни.
Паралелно со нив турбо-фолк пејачите одржуваа концерти,но и нивните сали беа преполни.

Сега на 11.03.2011 ќе се одржи Турбо Рок Фестивал.Овој концерт ќе се одржи за да се докаже дека рок музиката е сеуште присутна на Балканот.На овој фестивал ќе се настапат многу групи од бившите Ју простори.
Во секој случај турбо-фолкот неможе да ја „убие“ рок музиката.
А сега мало освежување на меморијата :)
Haustor-Ena
Zana-Dodirni mi kolena



1 comment:

  1. Добрыя артыкулы, Вы чулі пра містэра Бенджаміна, электронная пошта: Lfdsloans@outlook.com --WhatsApp Кантакт: + 1-9893943740-- якія працуюць з паслугамі фінансавання, яны даюць мне крэдыт у памеры 95 000,00 долараў, каб пачаць свой бізнес, і я плачу ім штогод вось ужо два гады, і мне яшчэ засталося два гады, хаця мне падабаецца працаваць з імі, таму што яны - сапраўдны крэдытор, які можа даць вам любы крэдыт.

    ReplyDelete